(ДРАМАТИЧНО ВИДЕО) Ова момче е херој – спаси сноубордер од страшна смрт

Целиот свет го следеше подвигот на Френсис Зубер, скијач чие име им стана познато на многу луѓе затоа што откопа сноубордер на скијачка патека во Вашингтон.

Сноубордерот Ијан Штегер заврши наопаку во длабок снег, а на него наиде Зубер, чија камера поставена на глава ги сними драматичните моменти.

Тој се борел за секоја секунда кога видел човек во неволја, бидејќи секоја нова секунда може да значи задушување на затрупаниот човек на кого само даската му се гледа над снежната покривка.

Advertisements

„Фатив мал црвен блесок на аголот на моето око. И знаев дека е чудно бидејќи беше надвор од границите на патеката. Знаев дека нешто не е во ред. Знаете, викав и немаше одговор“, објасни Зубер за тоа како отишол во „мисија“ да го спаси Штегер.

Кога Френсис му приоѓа на сега среќниот човек, Ијан вели дека не го слушнал. Го слушал само сопственото дишење.

„Можете да видите како Френсис ме прашува дали сум добро. Ми даваше до знаење дека доаѓа по мене, не слушнав ништо од тоа. Целосна темнина. Можев само да го слушнам сопственото дишење“, вели Штегер.

Штегер не беше сигурен дека ќе излезе од таму жив, па неговите мисли биле застрашувачки. Се каел што не можел да и каже на својата свршеница колку ја сака, а експертите велат дека сигурно не можел да излезе од таа позиција и дека за вакви авантури секогаш се претпочита да има партнер за скијање со вас бидејќи во спротивно шансите за смрт се зголемуваат.