Две руски ракети преминале преку романскиот и молдавскиот воздушен простор пред да влезат во Украина, тврди висок украински генерал. Романското Министерство за одбрана соопшти дека допрва треба да ги потврди извештаите.
Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, рече дека две ракети „Калибер“, лансирани од Црното Море, влегле во воздушниот простор на Молдавија, а потоа во романскиот воздушен простор, пред повторно да влезат во Украина на местото каде што се спојуваат границите на трите земји.
Ројтерс соопшти дека не може веднаш независно да ја потврди изјавата. Русија не го коментира наводниот инцидент.
„Украинска правда“ го цитираше портпаролот на воздухопловните сили, кој вели дека Украина има способност да ги собори ракетите, но не го сторило тоа бидејќи не сака да ги загрози цивилите во странски земји.