Еди Рама раскажа виц за Путин – еве како реагираа политичарите на форумот во Блед

На неодамна одржаниот форум на Блед, албанскиот премиер Еди Рама го привлече вниманието со шегата што ја кажа на крајот од својот говор пред стотина луѓе и политичари, јавува српски Блиц.

Toj вака им се обрати на соговорниците:

„Не знам дали сте слушнале дека Русија сака да ги обедини своите временски зони, бидејќи тие имаат девет часа разлика меѓу двата краја на земјата? Премиерот оди кај Путин и му вели: „Имаме проблем“. Моите беа на одмор, им се јавив да им посакам добра ноќ, но кај нив веќе беше утро. Му се јавив на Олаф Шолц да му честитам роденден, но тој рече дека ќе биде следниот ден. Му се јавив на Кси Џинпинг да му ја честитам Новата година, но тој ми рече дека е сè уште стара година. Во тој момент, Путин одговара: „Да, тоа ми се случи и мене. Се јавив кај семејството на Пригожин да му изразам сочувство, но авионот се уште не беше полетал“, раскажа Еди Рама и предизвика смеа кај сите.

Advertisements

Евгениј Пригожин, сопственикот на Вагнер беше прогласен за мртов откако авионот во кој се наоѓаше се урна во областа Твер во Русија.