Еколошка катастрофа – над 2.500 угинати фоки на плажите на Каспиското Езеро

На почетокот на минатиот век во Каспиското Езеро имало повеќе од милион фоки, а денеска ги има околу 68 илјади односно помалку од седум отсто, пишуваат руските медиуми откако биле пронајдени најмалку 2.500 угинати фоки на плажите на езерото.

Ова информација ја соопшти Министерство за екологија на Дагестан, но не наведува причина з аоваа еколошка катастрофа.

Угинатите животни се пронајдени на десет километри долгото дагестанско крајбрежје на Каспиското Езеро.

Advertisements

Според директорката на Руската агенција за мониторинг на природата, Светлана Радионова, главна причина би можело да биде гушење поради истекување гас во Каспиското Езеро.

Радионова посочи дека кон крајот на седмицава ќе бидат познати првите резултати од анализите, па ќе може да се каже дали има загадување на водата.

Сличен инцидент се случи на крајот на 2020 година, кога на плажите во Дагестан и Азербејџан беа пронајдени речиси две илјади мртви фоки.