(Фото) Џорџ Сорос му ја предаде фондацијата „Отворено општество“ на неговиот син Александар – донациите за левичарите ќе продолжат

Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) му го предаде раководството на фондацијата „Отворено општество“ на својот син Александар Сорос, објави Гардијан.

Тој претходно изјавуваше дека не сака Фондацијата „Отворено општество“ да ја преземе кое било од неговите пет деца.

Сепак, Сорос сега го именуваше својот син Александар за претседател на една од најбогатите глобални филантропски фондации.

Advertisements

„Тој тоа го заслужи“, изјави Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.

Во интервју за Волстрит журнал 37-годишниот Александар, кој тивко беше назначен во декември, рече дека е „повеќе вклучен во политиката од неговиот татко“ и дека планира да продолжи да донира семејни пари на левичарските американски политички кандидати.

Неговиот татко е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Soros, PhD (@alexsoros)