(ФОТО) Едно од убиените момчиња во Данска е внук на познат српски пејач

Петар Сташевиќ (17) и неговиот пријател беа избодени до смрт во понеделникот вечерта во Данска, а младиот човек е член на семејството на српскиот пејач Бобан Рајовиќ, објавија медиумите во Србија.

„Tочно е дека Петар е член на моето семејство. Мојата сопруга е негова тетка. Како што можевте да видите во странските медиуми, а потоа и во нашите медиуми, тој трагично почина во понеделникот. Лудо е да се зборува за тоа колку е тешко ова за нашите семејства… Верувам во вашето разбирање дека нема да навлегувам подетално за тоа во оваа прилика, особено што таткото на Петар веќе зборуваше, што секако е посоодветно. Ве поздравувам и уште еднаш ви благодарам за разбирањето. Ви благодарам на сите што испраќате пораки за поддршка и разбирање до семејството Стешевиќ и мојата Драгана. Се покажа добро за нив – рече Бобан.