(ФОТО) Хеликоптер падна близу Шибеник, пронајдени се две жртви

Воен хеликоптер падна во кањонот на реката Чикола, во близина на Шибеник, Хрватска, јавуваат тамошните медиуми.

Хеликоптерот и две тела се пронајдени, а потрагата по третиот член на екипажот е во тек.

Станува збор за хеликоптер на унгарските вооружени сили кој е на обука во Хрватска.

Шефот на ХГСС Јосип Брозичевиќ  потврди дека на камерите за гаснење пожар се гледа чад.

Хеликоптерот се урнал меѓу селото Пакова и Миљевац.

Хеликоптерот Ми-171 Ш од Дивуље и авионот Пилатус на хрватските воздухопловни сили се вклучени во потрагата по воениот хеликоптер.

Не станува збор за хеликоптер на вооружените сили на Република Хрватска, соопшти Министерството за одбрана на оваа земја.