(ФОТО) Нов инцидент во Косово: Група Албанци претепаа младо момче кое се враќало од литургија

Уште едно младо момче е нападнато и претепано на Косово, соопшти денеска Канцеларијата за Косово и Метохија, пренесува „Данас“.

Според информациите, група Албанци ноќеска околу 2 часот и 30 минути го претепале Стефан Томиќ (18) од Клокот додека тој и неговиот брат се враќале од полноќната божиќна литургија во црквата Свети Петар и Павле во Клокот.

„По завршувањето на богослужбата во црквата, младиот човек тргнал кон куќата на својата тетка, кога по пат бил нападнат од група Албанци, од кои некои ги препознал како обезбедувачи во локалниот ресторан“, се додава во соопштението.

Advertisements

Стефан се здобил со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.

Семејството целиот случај го пријавило во полиција, која до раните утрински часови го испрашувала Стефан за нападот.

„И овој брутален напад на српско дете на Косово и Метохија ја покажува антисрпската хистерија што владее на Косово и Метохија и колку Србите се загрозени, особено јужно од Ибар. Затоа се поставува прашањето, што прави меѓународната заедница за да спречи вакви напади врз Србите и да ја зголеми безбедноста на Србите, што е нивна примарна должност и обврска“, прашуваат од Канцеларијата за Косово и Метохија.