Родителите, роднините и пријателите од Грција ги користат социјалните мрежи за да ги бараат своите најблиски, главно студенти, кои исчезнаа по железничката катастрофа во Темпи, централна Грција.
Луѓето објавуваат фотографии од своите најблиски на Твитер и Фејсбук обидувајќи се да добијат информации за нивната судбина.
„Апел за помош. Го бараме брат ми Ваиос Влахос, кој беше во возот и сега исчезна. Патуваше со својата девојка и кучето. Не знаеме во кој вагон бил“, се вели во една објава на Твитер.
Έκκληση για βοήθεια ψάχνουμε τον αδερφό μου Βάιο Βλάχο που επέβαινε στο #τρενο στα #Τέμπη και αγνοείται Όποιος ξέρει κάτι να μας πει Ήταν με την κοπέλα του (είναι στο ΠΓ Λάρισας) η οποία έχει μαλλί ράστα μωβ και το σκυλί τους (Τζακ Ράσελ). Δεν ξέρουμε σε ποιο βαγόνι ήταν pic.twitter.com/knkfsD7Pki
— Patagonian Fossil Turtles ?????♀️??♂️?? (@yatachelys) March 1, 2023
„Од вчера ја нема. Bеше во возот што се судри, нека се јави некој коj нешто знае. Нејзиното име е Ифигенија Мицка“, се вели во друга објава.
Αγνοείται από εχθές βρισκόταν στο τραίνο που συγκρούστηκε, παρακαλούμε πολύ οποίος/οποία γνωρίζει κάτι να επικοινωνήσει! Το όνομα της είναι Ιφιγένεια Μήτσκα! #Τεμπη #τραγωδία pic.twitter.com/zWTaATfUxA
— Konstantinos Micropoulos (@KMicropoulos) March 1, 2023
Има и трет пост, преку кој се бара девојка со руса коса, но нејзиното име не се наведува.
„Беше во возот во Темпи и нема вести за неа. Ја нема ниту на болничките списоци. Нејзиното семејство полуде од грижи, дали некој знае нешто?“, се вели во него.
Претставниците на болницата во градот Лариса, каде што се префрлени повеќето повредени и мртви, соопштија дека повеќето од жртвите се млади луѓе кои се враќале во Солун за да ги продолжат студиите по продолжениот викенд.
Точниот број на жртви не е познат, но според официјалните извештаи, најмалку 40 лица загинале, а десетици се повредени, од кои некои потешко. Приватните телевизии во Грција велат дека бројот на загинати може да биде поголем.