Почина Олех Мудрак, командант во украинската воена единица „Азов“, потврди неговиот внук Данило на својот Инстаграм. Олех Мудрак помина шест месеци во руско заробеништво и преживеа експлозија во логорот Оленивка. Тој беше ослободен од руско заробеништво минатиот септември. Неговиот внук не ја откри причината за смртта, пишува Украинска правда.
Олех Мудрак го бранеше Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки битки за фабриката за челик Азовстал на почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година. Тој беше фатен од руските сили откако украинските сили го напуштија Азовстал, во септември како дел од размената на затвореници беше вратен во Украина.
Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој објави и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по рускиот затвор.
Oleh Mudrak, commander of Azov’s 1st Battalion, defended Azovstal. Then he went through 6 months of Russian captivity.
Today his heart stopped beating. His nephew wrote: “Oleh lit up the hearts of everyone around him.”
RIP, Hero.
Photos: before and in Russian captivity. pic.twitter.com/jPVDB9JqZ7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 22, 2023