(ФОТО) „Профит од нафта или нашата иднина?“ – Гринпис се качи на куќата на британскиот премиер, додека тој е на одмор со семејството

„Профит од нафта или нашата иднина? Науката е недвосмислена: за да има сигурна клима не смее да има нафтени и гасни проекти. Ова е пораката што денеска ја испратија активисти од Гринпис кои ја покрија куќата на британскиот премиер Риши Сунак со црн штоф во знак на протест против енергетската политика на неговата влада.

Тие, како што потврди полицијата, на покривот на куќата се искачиле утрово, во објектот не упаднал никој, а премиерот и неговото семејство не се дома. Уапсени се петмина. “, соопшти полицијата.

Четворица активисти се качија на покривот на неговиот имот во Кирби Сигстон. Тие претходно утврдиле дека семејството не е дома, туку на одмор, цитираше британската агенција ПА еден претставник на Гринпис. Според неговата изјава, тие тропале на вратата и најавиле мирен протест, но никој не одговорил. Сунак во радио емисија вчера зборуваше за тоа дека со своето семејство ќе се одмора во Калифорнија.

Advertisements

Британската влада неодамна објави дека и покрај острите критики од заштитниците на климата ќе издаде стотици лиценци за производство на нафта и гас во Северното Море. Премиерот Сунак пред три дена, при посетата на Шкотска, најави дека со тоа ќе се отворат илјадници работни места.

ФОТО: Фејсбук