(ФОТО) Силен земјотрес ја погоди Романија – се тресеше и Белград

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди денеска Романија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Земјотресот е почувствуван и во соседна Србија.

Епицентарот на земјотресот бил во Крајова, Романија, 12 километри северозападно од градот Таргу Зиу, според EMSC. Овој град се наоѓа на југозападниот дел на Романија во провинцијата Влашка.

Како што објавија српските медиуми, земјотресот е почувствуван во Белград и Вршац.

Advertisements