Во јавноста протече допис на руската телевизија НТВ, во која се тврди дека нивната новинарка била силувана од Чеченци во окупираниот украински Мелитопол.
Олга Зенкова, новинарка која е наклонета на путиновата власт, била испратена во Мелитопол да известува од градот кој бил окупиран од Русите на самиот почеток на војната. Меѓутоа, како што се наведува, налетала на озлогласената чеченска бригада и војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот. Меѓу нив, наводно, бил и внукот на лидерот Рамзан Кадиров, Хасан Ибрахимов.
Looks like they didn’t get much help when reporting the incident to local authorities. pic.twitter.com/Cjtu0UnZnx
— Larysa Dub (@LarysaDub) January 31, 2023
Како што пренесуваат некои медиуми, според добиените информации, руските власти забраниле известување за инцидентот, но НТВ побарала истрага од официјалните власти за случајот.
Како што се наведува во дописот НТВ, дописничката Олга Зенкова и снимателот Артиомас Јепифанов биле на задача во Мелитопол, а на 17 јануари вечерале во еден од градските ресторани кога биле нападнати од „луѓе во маскирна униформа кои рекле дека се борци на баталјонот Ахмат“.
За време на инцидентот, снимателот се здобил со умерени физички повреди, а новинарката Олга Зенкова „била жртва на насилен сексуален однос“.
Официјалниот документ е испратен до првиот човек на Истражниот комитет, но од телевизијата не сакале да коментираат ништо.