(ФОТО) Србија им оддава почит на жртвите на злосторството во Белград – река народ на Цветниот плоштад

Србија ги оплакува жртвите на страшното злосторство, што се случи утринава во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, кога К.К.(13), ученик во седмо одделение од тоа училиште, уби осуммина свои врсници и еден обезбедувач и тешко повреди шестмина, повеќе деца и учител.

Повеќе од илјада белграѓани, како што јавува Телеграф, вечерва се собраа на Цветниoт плоштад за да им оддадат почит на жртвите. На плоштадот оставија цвеќиња, играчки и запалија свеќи.

„Почувствувавме потреба да дојдеме, да изразиме сочувство и да им дадеме поддршка на семејствата на убиените деца. Да им покажеме дека не се сами“, велат граѓаните.

Advertisements

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, во овој момент е невозможно да се помине низ улиците на кралот Милан и Светозар Марковиќ.

Фотографии од местото каде што граѓаните им оддаваат почит на жртвите може да погледнете тука.

ФОТО: Телеграф