Дваесет и шестгодишниот рапер Дерел Гентри, познат како BTB Savage, убиен е во пукање неколку часа откако на социјалните мрежи објави фотографија од крвавото место на злосторството каде неговата девојка претходно убила разбојник, пишува „Дејли мејл“.
Имено, споменатиот инцидент се случил порано, а мајката на раперот сега се сомнева дека нејзиниот син бил убиен од одмазда.
Тој повеќепати јавно зборуваше за провалници кои упаднале во неговиот дом кога група луѓе дошле и тврделе дека сакаат да соработуваат со раперот.
View this post on Instagram
BTB Savage мислел дека тоа ќе му значи кариера, а кога сфатил дека се работи за измама, и рекол на девојката да пука во крадецот, а тој наводно ги молел да не го прават тоа бидејќи има деца.
Како што наведува „Дејли мејл“, раперот само одговорил: „Не ми е баш гајле за тебе. Ќе умреш“.
Раперот зад себе остави четиригодишен син, а според полицијата во Хјустон, САД, двајца мажи се обвинети за неговото убиство.