Украинска ракета за противвоздушна одбрана денеска се урна во Белорусија, соопштија властите на таа земја, сојузник на Русија, која ја поддржува руската офанзива против Украина.
Проектил истрелан од системот за противвоздушна одбрана С-300 „од украинска територија“ утринава паднал на територијата на Белорусија, се наведува во соопштението на белоруското Министерство за одбрана.
Денеска Русија изврши голем ракетен напад врз неколку градови низ Украина, а украинските власти објавија дека ја активирале својата противвоздушна одбрана и собориле неколку руски ракети.
Belarusian Ministry of Defense says parts of Ukrainian S-300 have fallen near Ivanava town of Brest region https://t.co/HbWq1e6Lyq pic.twitter.com/KuLLhXDX2n
— Liveuamap (@Liveuamap) December 29, 2022