(Фото) Ужасен дочек на Нова година во Белград – „беше морничаво, девојките врескаа, сплавот почна да тоне“

Познатиот сплав „Фристајлер“ во Белград каде што се прославувал пречекот на Новата година почнал да тоне, гостите се евакуирани, а на местото се испратени две екипи на итната помош, јавуваат српските медиуми.

Како што пренесува Телеграф кој објави и видео од инцидентот, ,сплавот почнал да тоне веднаш по полноќ, а гостите панично се разбегале надвор.

– На почетокот не разбравме што се случува. Само што почна да се наведнува сплавот, а потоа водата почна да навлегува. Беше морничаво, девојките околу мене почнаа да врескаат од ужас. Знам дека едната ја повреди ногата. Еден по друг почнавме да трчаме надвор – изјавил очевидец за Телеграф.

Advertisements

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)