(ФОТО) Вандали го уништија муралот на Новак Ѓоковиќ на Косово

Муралот во Ораховац, Косово, посветен на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бил уништен во текот на ноќта, пренесува сајтот на Радио Гораждевац.

Ѓоковиќ по вчерашната победа во првото коло на Ролан Гарос испиша порака на камерата:

„Косово е срцето на Србија – престанете со насилството“.

Advertisements

Жителите на горниот дел на Ораховац утрово околу 6 часот пронашле уништен мурал и сега го чекаат пристигнувањето на полицијата, пренесе „Танјуг“.

Муралот на Ѓоковиќ во горниот дел на Ораховац е дел од проектот „Боја во воздухот“ што го реализираше организацијата „Амичи ди Дечани“, во соработка со уметникот Дерокс, кој на почетокот на минатата година сликал мурали по желба на српското население на Косово и Метохија.