Саиф Бен Сулајем, синот на претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем загинал во сообраќајна несреќа во Дубаи во вторникот, потврдија од Меѓународната федерација на автомобили (ФИА.)
Семејството побара да се почитува нивната приватност.
Саиф ја следеше страста на неговиот татко за моторспортот. Тој се натпреваруваше во Формула 4 шампионатот на Обединетите Арапски Емирати во 2016/17, покрај сегашниот возач на Мерцедес, Оскар Пјастри, но не ја продолжи кариерата во интернационалните шампионати.
Саиф Бен беше вљубеник во брзи автомобили па на својот Инстаграм профил често објавуваше фотографии со Бугати, Мекларен и стари рели-автомобили.
Мохамед Бен Сулајем го замени Жан Тод на позицијата претседател на ФИА во 2020 година, откако претходно беше успешен рели-возач
View this post on Instagram