Поранешниот одбојкар Драган Кобиљски денеска ги презеде ранецот и тетратката на 14-годишната ќерка на Е.К., која беше убиена во пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.
Според известувачот на „Блиц“, Кобиљски потоа залепил умреница на вратата од училиштето.
Тој и неговата сопруга денеска дошле во училиштето каде вчера се случила трагедијата. Потресната вест го затекна поранешниот одбојкар, а сега тренер на клубот Залау, во Романија.
Синоќа илјадници граѓани ширум Србија им оддадоа почит на убиените деца и на училишниот чувар. Палеа свеќи во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ужице…
ФОТО. Blic.rs