Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен, фановите полудени од среќа, САД ја укинува задолжителната вакцинација

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ годинава ќе игра на УС Опен. Последната пречка за враќање во Соединетите Американски Држави е отстранета и Новак се враќа во Њујорк, оваа преубава вест на полноќ ја пренесоа српските медиуми.

Еуфорично беше пречекана и од фановите на Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Како што објавија странските медиуми последната одлука на кабинетот Бајден-Харис вели дека ќе се укине условот за задолжителна вакцинација против коронавирусот при влез во САД.

Advertisements

Американската влада донесе одлука за ублажување на мерките кои ќе стапат на сила на 11 мај, според кои „правилата за вакцинација престануваат да важат за меѓународните патници со авион“.

Горниот дом со 68 гласа „за“ и 23 „против“ одлучи да ја прекине вонредната состојба, па дури и невакцинираните странци ќе можат без проблеми да влезат во Америка.

„Од јануари 2021 година, бројот на починати од коронавирусот е намален за 95 отсто, а бројот на хоспитализирани пациенти е намален за 91 отсто. На глобално ниво, бројот на смртни случаи од корона вирусот е најнизок од почетокот на пандемијата. Благодарение на напорите на целата влада, рекорден број од 270.000.000 Американци примиле најмалку една доза од вакцината против ковид. Денеска најавуваме дека нашата администрација на 11 мај ќе стави крај на сите барања поврзани со вакцината против ковид 19, се вели во соопштението за укинување на задолжителната вакцинација при влез во САД.