Компанијата за истражување на пазарот Euromonitor, од Велика Британија, ја објави листата на Топ 100 светски градски дестинации за 2024 година, а Париз четврта година по ред е прогласен за најатрактивен град во светот.
Градовите се оценувани според шест клучни фактори: Економски и деловни перформанси, туристичка инфраструктура, туристичка политика, здравје и безбедност, одржливост и целокупно искуство на посетителите.
Според овие показатели, Париз продолжува да биде лидер, благодарение на својот романтичен шарм, културно наследство и иконични знаменитости како иАјфеловата кула. Градот секоја година привлекува милиони посетители со своите музеи, гастрономија и богата историја.
Топ 10 градови во 2024 година според Euromonitor се:
Париз, Франција
Со својата елегантна архитектура, богата историја и светски познати музеи, како Лувр и Орсеј, Париз останува на врвот.
Мадрид, Шпанија
Познат по својата културна сцена, прекрасни плоштади и светски познати уметнички галерии, Мадрид е омилена дестинација за љубителите на историјата и уметноста.
Токио, Јапонија
Со комбинацијата на традиција и модерност, Токио привлекува туристи со своите храмови, футуристичка архитектура и уникатна гастрономија.
Рим, Италија
„Вечниот град” нуди неверојатно наследство, од Колосеумот и Пантеонот до Ватикан.
Милано, Италија
Модната престолнина на светот е и дом на импресивни историски знаменитости, како Миланска катедрала и Скала.
Њујорк, САД
„Градот кој никогаш не спие” продолжува да привлекува посетители со својата енергија, светски познатите атракции како Тајмс Сквер, Централ Парк и Музејот Метрополитен.
Амстердам, Холандија
Каналите, музеите како што се оние „Ван Гог“ и „Ријксмузеум“ и опуштената атмосфера го прават Амстердам незаменлива туристичка дестинација.
Сиднеј, Австралија
Сиднеј плени со својата природна убавина, Операта, и познатите плажи како Бонди.
Сингапур
Сингапур е познат по својата футуристичка архитектура, беспрекорна чистота и импресивни атракции како Marina Bay Sands и Gardens by the Bay.
Барселона, Шпанија
Градот на Гауди, со своите уникатни архитектонски дела како Саграда Фамилија и Парк Гуељ, продолжува да ги фасцинира туристите од целиот свет.
Европа доминира, но Азија се искачува
Иако европските градови се доминантни на листата, Токио и Сингапур докажуваат дека азиските метрополи имаат растечко влијание врз глобалниот туризам. Со уникатната мешавина на традиција, модерност и иновативност, овие градови ги освојуваат срцата на туристите.