Хамас ќе ги ослободи сите цивилни заложници, за заробените војници бара преговори со Израел

Палестинското милитантно движење Хамас е подготвено да ги ослободи сите цивилни заложници, но не и заробените израелски војници, за чие ослободување очекува преговори и меѓусебна размена на затвореници со Израел, изјави за РИА Новости Муса Абу Марзук, еден од водачите на милитантите.

Тој објасни дека Хамас ги дели заложниците во две категории: едната се невини цивили кои ќе бидат ослободени и нема вина за нив, а другата се војници, односно за нивно ослободување потребни се преговори и размена на затвореници.

„Заробивме стотици воени лица“, додаде Марзук, пренесе Танјуг.

Advertisements

На 7 октомври, Израел беше подложен на невиден ракетен напад од Појасот Газа како дел од операцијата поплава Ал Акса, објавена од военото крило на палестинското милитантно движење Хамас.

После тоа, милитантите влегле во пограничните области на југот на Израел, каде отвориле оган и врз војската и врз цивилите, а земале и заложници.

Во Израел, според локалните власти, загинале повеќе од 1.400 луѓе, од кои 300 војници, а повеќе од 5.000 биле ранети.

Како одговор, израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата Железни мечеви против Хамас во Појасот Газа.

Бројот на жртвите во овие напади на палестинската енклава, според локалното Министерство за здравство, надмина 7.300 луѓе, а над 18.000 се повредени.