Харадинај: ЕУ и САД да интервенираат за да се смири ситуацијата на северот на Косово

Поранешниот лидер на ОВК и премиер на Косово, а сегашен лидер на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, по повод последниот развојот на настаните во северниот дел на земјата, се огласи на својот Фејсбук профил, каде апелира ЕУ и САД да се инволвираат во изнаоѓањето на излезно решение од ново настанатата ситуација.

„Државата Косово треба да ги искористи сите механизми што ги има за итно отстранување на барикадите и сите други пречки на северот.

Српската влада треба веднаш да се откаже од својата провоена политика и да ги повлече своите паравоени единици од северот. Апелирам до ЕУ и САД да интервенираат за да се смири ситуацијата на северот.

Advertisements

Мирот не е алтернатива! Косово и Србија да седнат на маса и да постигнат мировен договор за меѓусебно признавање“, пишува на Харадинај.