Холандија ќе бара од ЕУ привремено суспендирање на безвизниот режим за Србија?

Претставничкиот дом на Холандија усвои резолуција со која се повикува нејзината влада да се заложи во Брисел за привремено суспендирање на безвизниот режим за Србија.

Предлогот е поднесен затоа што, како што посочуваат, Србија не се усогласува со визната и надворешната политика на Европската унија. Предлогот имал поддршка и од владејачките и од опозициските претставници во Претставничкиот дом на Холандија.

Барањето го поднесоа претставници на двете најголеми партии во владејачката коалиција, Јероен ван Вајнгарден од Народната партија за слобода и демократија и Сјоерд Сјоердсма од Демократ 66. Сепак, самиот предлог беше инициран од претставник на опозицијата.

Advertisements

Пратеникот Јероен ван Вајнгарден на Твитер се пофали дека неговиот предлог добил поддршка од Долниот дом на холандскиот парламент.

„Домората на пратеници го поддржува нашиот предлог за построг пристап кон Србија доколку претседателот Вучиќ не ги поддржи санкциите против Русија. Прекин на процесот на пристапување на Србија во ЕУ може да биде опција. Нема да се двоумиме да го искористиме тоа“, изјави Ван Вајнгарден.