Хорор во Загреб, ја убил сопругата пред очите на сопствениот син

Хрватските медиуми пишуваат дека во Загреб, на Максимир утрово се случил хорор – прво , се слушнал женски крик, а на местото набрзо пристигнале специјалци и брза помош. Станува збор за убиство.

– Соседката ми кажа дека утрово додека ги отворала прозорците за да види од каде доаѓа вревата, видела млад човек преплашен како повикува помош и бара од луѓето веднаш да повикаат полиција. Подоцна слушнав дека момчето и кажало на полицијата дека татко му ја ранил мајка му и не можам ни да замислам какви се тие сцени. Страшно е во какво општество се претворивме кога децата страдаат и сведочат на трагедии – ни изјави сосед кој живее спроти улицата на „Јутарњи лист“.

„Денеска околу 7 часот и 25 минути во месноста Максимир, маж испукал истрел од огнено оружје во стан при што повредил член на семејството. Полициски службеници ја извлекле повредената жена од станот и и укажале лекарска помош. соопштија од полицијата во одговор на истрагата на „Индекс“, додавајќи дека осомничениот е под нивен надзор.

Advertisements

За жал, жената од здобиените повреди подоцна починала во болница, потврдија од полицијата околу 9:30 часот. Во тек е полициска истрага која треба да ги утврди деталите за овој настан.