Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот управувал со сопствено возило кое се судрило со комбе. Загинал возачот на комбето.
Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања, а министерот наводно, како што пишуваат тамошните медиуми, тргнал на лов.
Од Жупаниската општа болница Винковци потврдија дека министерот е тешко повреден. Има сериозни повреди на главата, но владиниот портпарол изјави дека не е во животозагрозувачка опасност. Тој од болницата Винковац ќе биде пренесен во КБЦ Осиек. Во болницата Винковци бил примен во 08:30 часот.
Ова го потврдија од болницата Винковци, каде Баножиќ бил хоспитализиран по несреќа, пишува Index.hr.
Од болницата не соопштуваат со какви повреди се здобил министерот Баножиќ, но дека повредите се посериозни и дека во текот на денот ќе биде пренесен од Винковци во КБЦ Осиек на понатамошно лекување.
Во тек е истрага која ја води заменикот на Жупаниското државно обвинителство од Вуковар.