Медицинска сестра на Гинеколошко-акушерската Клиника „Народeн фронт“ во Белград на социјалните мрежи објавува скандалозни видеа од операционата сала и ги шири на социјалните мрежи, објавија српските медиуми.
Јавност во Србија е згрозена – таа дури прави пренос во живо на породувања со царски рез, пред да биде спроведена спинална анестезија. Таа однапред ги информирала своите следбеници за времето на емитувањето и ги барала да и поставуваат прашања.
Министерката за здравство, Даница Грујичиќ вели дека е згрозена од од фактот што еден здравствен работник дошол на идеја да емитува што се случува во операционата сала на Инстаграм, Тик-Ток или која било социјална мрежа на Интернет.
Инструментарката е суспендирана по итна постапка, а против неа е поведена дисциплинска постапка.
На видеата и сликите кои ги објави може да се забележат полуголи жени, на една од нив дури и ги покажува градите.
Често објавува фотографии и видеа од операционата сала, а освен што објавува скандалозни фотографии од жени на операционата маса, објаснува и за што служи инструментот, како функционира процедурата за анестезија…
„Згрозена сум. Лично сметам дека таков човек треба да подлежи на повторна проценка од страна на лекарот за да се види дали е способен да работи во такви услови. Ја поздравувам одлуката на директорката Миковиќ да ја суспендира“, пренесува српски Телеграф изјава од министерката Грујичиќ.