Има загинати и над 200 повредени во новиот земјотрес во Турција

Најмалку три лица загинаа, а 213 се повредени во земјотресите што вечерва ја погодија Турција, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесуваат тамошните медиуми.

Според прелиминарните податоци, земјотресот бил со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Потоа следеа уште два земјотреси со јачина од 5,8 степени, а потоа уште два земјотреси со јачина од 5,2 степени.

Advertisements

Според извештаите, овој земјотрес е деветти најсилен во последните 68 часа.

На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледаат вознемирени луѓе кои веќе две недели се плашат од природна катастрофа.

Повеќе од 46.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што ја погодија истата област пред две недели.