Имаме пет милијарди евра на сметка, луѓе слободно трошете пари! – им порача Вучиќ на граѓаните

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во своето обраќање попланево до јавноста, како што јавува српски Телеграф, ветил власта дека ќе даде се од себе да се зачува мирот и виталните државни интереси.

Според Вучиќ денес, Србија сочинува повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан. Во претходните 10 години имавме 50 отсто повеќе инвестиции од Бугарија, 69 отсто повеќе инвестиции од Хрватска. Победуваме со економски раст, рече претседателот на Србија.

– Мора да го донесеме нашиот мал брод до мирно пристаниште неоштетен. Некогаш изгледа како игра на паричка. Се сомневам дека Албанците ќе се согласат да формираат ЗСО. Ги повикувам граѓаните на Србија само да бидат мудри, паметни… Мислам дека процесот во кој и ние и Албанците ќе бидеме свесни за де факто преговарачката рамка на патот кон ЕУ, па ќе видиме. За нас останувањето на европскиот пат е од значаен национален интерес.

Advertisements

Кога некој ќе потпише нешто, јас ќе потпишам, а народот ќе одлучи за тоа, а народот мора да го знае тоа, јас никогаш нема да дискредитирам некој друг затоа што никогаш не сум го направил тоа, додаде српскиот претседател.

– Ќе имаме многу значајни средби кога ќе заврши Охрид. Сите останати во регионот се значително зад нас, тоа не е доволно, мора да забрзаме. Ќе отвориме неколку патни правци, за неколку дена ќе го отвориме првиот стадион во Лесковац, потоа во Зајечар и потоа во Белград, ќе продолжиме да градиме пруги, ќе изградиме обиколница околу Крагуевац, ќе отвориме нови фабрики. .. Наскоро ќе отвориме две фабрики во Ваљево. Златните резерви, кои растат до 61.000 евра за килограм, се најголеми во нашата историја. Србија на сметката има 546 милијарди динари. Пензиите ќе ги следат платите. Ќе имате добри пензии, поголеми, за тоа ќе разговараме во јуни. Слободно трошете ги парите – им порача Вучиќ на српските граѓани.