Институтот за јавно здравје на Црна Гора потврди дека нема пријавени случаи на шуга кои би укажале на поврзаност со бутикот во Подгорица, соопшти Управата за инспекциски работи (УИП), пренесува „Побједа“.
Директорката на УИП, Ана Вујошевиќ претходно за порталот Побједа изјави дека санитарната инспекција по добиената иницијатива ќе ја проверува гардеробата во бутикот „Зара“ поради сомневање за појава на шуга, а јавноста ќе да бидат известени за констатираната состојба.
Во денешното соопштение на црногорската Управа за инспекциски работи, се наведува дека на 10 март добиле анонимна пријава од лице кое слушнало гласини дека наведената болест се појавила во бутик во Подгорица.
„Веднаш по добивањето на иницијативата, здравствено-санитарната инспекција стапи во контакт со Институтот за јавно здравје, од каде доби информација дека на ниво на Црна Гора во Центарот за контрола и превенција на заразни болести во периодот од 13 февруари до 13 март 2023 година пријавени се осум случаи на шуга, при што во Подгорица се регистрирани три случаи, а последниот на 1 март 2023 година. Во истиот период лани во Црна Гора се регистрирани 26 случаи, додека во Подгорица се регистрирани пет случаи“, објави Управа за инспекциски работи на Црна Гора.