На фејсбук групата за заштита и грижа за животни „Миленичиња – улични и домашни“ е објавен преубав пост кој сведочи за одност на граѓаните на Истанбул кон уличните животни, односно мачките, а е објавен ден пред монструозното видео од изживување на невино суштество во Скопје.
„Истанбул е единствениот град во светот кој подеднакво им припаѓа на мачките како и на луѓето. Мачките имаат посебно место во душата на Истанбул. Да се биде мачка во Истанбул е исто како да се биде крава во Индија. Во Истанбул има околу милион мачки и можете да ги сретнете насекаде. Секоја продавница, стан, куќа има мачка надвор од вратата. Дури и познатата Аја Софија има своја мачка по име Гли.
Хранењето мачка е традиција во Истанбул. Мачките се редовни гости на ресторани, кафулиња, барови, хотели, продавници, па дури и трговски центри. Мачката е единственото животно на кое му е дозволено да влезе во џамија. На улиците на Истанбул можете да видите хранилки и улични мачки, како и нивните рачно изработени куќички за мачки“, се вели во објавата на групата за заштита и грижа за животните „Миленичиња – улични и домашни“.
Фото: Daedalus See less