ИЗБОРИ ВО ТУРЦИЈА „Вечерва нема да спиеме луѓе мои“, повика Киличдароглу

Кандидатот за претседател на турската опозиција Кемал Киличдароглу бара од поддржувачите да се подготват за долга ноќ, а луѓето кои работат на изборите да останат на своите позиции.

„Вечерва нема да спиеме луѓе мои, напиша тој на Твитер“, повикувајќи ги задолжените за гласачките кутии да останат на своите места и предупреди дека изборната комисија„мора да обезбеди внесување податоци од провинциите“.

Од 89,24% обработени гласови, во време на објавување на информацијата, пред полноќ, Ердоган има 49,94%, додека неговиот опозициски опонент Кемал Киличдароглу има 44,30% од гласовите.

Advertisements

Станува збор за предност од околу 2,75 милиони гласа во земја во која право на глас имаат околу 64 милиони. Излезеноста на денешното гласање беше висока и се движи околу 88-89%.

ФОТО: Фејсбук