Ја убил сопругата откако се вратила од свадба

Уште едно тешко семејно насилство е регистрирано во БиХ во градот Живинице кај Тузла, каде маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил, потврдиле полициски извори за босанските медиуми.

Полицијата вчеравечер добила дојава дека во куќа биле пронајдени тела на маж со иницијали М.А. (58) и иницијалите на сопругата Ч.Т. (52).

Дежурниот лекар констатирал дека смртта настапила како последица од употреба на огнено оружје. Криминалистичката полиција извршила увид на лице место и во овој момент од истрагата може да се каже дека најверојатно се работи за самоубиство и убиство, соопшти Министерството за внатрешни работи на округот Тузла.

Advertisements

Според информациите на „Дневни аваз“ мажот и жената живееле во вонбрачна заедница и дека постои сомневање дека мажот делото го сторил од љубомора. Жената наводно отишла во Германија на свадбата на нејзината ќерка и во неделата вечерта се вратила дома, по што избила расправија. Мажот потоа посегнал по пиштол и ја убил својата партнерка. После тоа со истиот пиштол се самоубил. Партнерите никогаш не биле пријавени за семејно насилство.

Трагедијата се случила откако 35-годишната Низама Хеќимовиќ беше убиена во Градачац од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа уби уште двајца мажи и рани уште тројца, а во крај исто така се самоуби.