„Ќе бидам уапсен во вторник“: Трамп ги повика приврзаниците да излезат на улица

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека очекува да биде уапсен во врска со истрагата од страна на окружниот обвинител на Менхетен следната недела и повика на протести поради тоа.

Во објава денеска на социјалните мрежи, Трамп, мислејќи на себе, рече дека „водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на Соединетите Американски Држави ќе биде уапсен во вторник следната недела“.

Без да обезбеди докази, Трамп рече дека „незаконското протекување“ од канцеларијата на окружното обвинителство на Менхетен укажувало дека тој ќе биде уапсен, пишува Си-Ен-Ен.

Advertisements

Тој се повикува на извори од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен.

„Протест, да си ја вратиме нацијата назад“, напиша тој.