Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Абу Даби изјави дека наесен ќе има медицинска криза во цела Европа, пишува српскиот портал Телеграф.
Тој рече дека ќе има лоша енергетска состојба, но српскиот народ не треба да се грижи.
– Немојте после да речете дека не ни кажал… Мора да се снајдете во сето ова и ние ќе се снајдеме. Како? Како сакате. Нема филозофија тука – рече Вучиќ на Меѓународниот саем на оружје и воена опрема „IDEX 2023“ во Абу Даби.
Српскиот претседател најави дека Србија во рок од 48 часа ќе потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за купување на нивните „самоубиствени“ дронови. Тие се очекува, како што најави Вучиќ, да пристигнат во армијата за пет или шест месеци.
Вучиќ вели рече дека Србија има доволно муниција и за армијата и за извоз, бидејќи се работи толку многу во наменските индустриски фабрики што можат да се продаваат во следните 15 години.
„Нема да одиме во војна ако не мораме и ако не бидеме нападнати. А што се однесува до оружјето, нас пред се нè интересира нашата армија, а тоа што ќе остане ќе го продадеме“, додаде српскиот претседател Александар Вучиќ.