Ќерката на познат српски одбојкар е меѓу жртвите во страшното злосторство во Белград

Во трагдеијата која се случи утрово во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар меѓу жртвите е и ќерката на познатиот одбојкарски тренер Драган Кобиљски, пишуваат српските медиуми.

Ужасното злосторство се случи  утринава во 8 часот и 42 минути кога дошло до пукање во кое ученик од тоа училиште К.К., уби осум ученици, 7 девојчиња и едно момче и еден обезбедувач, ранил шест деца и една наставничка.

Кобиљски моментално работи во одбојкарскиот клуб Залау во Романија, а веднаш по добивањето на тажната вест се упатил кон Белград.

Advertisements

Во текот на својата играчка кариера го носеше дресот на Партизан, а потоа беше тренер на Црвена звезда. Трагедијата ја потврди поранешниот одбојкар Жељко Танасковиќ, девер на Драган Кобиљски, кој се ожени со сестрата на Драган.

„Сите сме изненадени и потресени. Не знам што да кажам. Голема трагедија и едноставно е незамисливо да се случи на овие простори. Со шурак Драган се знаеме долго време, игравме заедно, тоа што му се случи е катастрофа. За мене е незамисливо да се случи тоа на овие простори, што само говори колку треба да внимаваме на младите“, вели Танасковиќ.

Во престрелката се ранети седум лица, а од петокот во Србија е прогласена тридневна жалост.