Кој ѝ се заканува на Џорџа Мелони и на нејзината шестгодишна ќерка?

Невработен маж на 26 годишна возраст упатил смртни закани на италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка на интернет.

Причина за заканите е незадоволството од владиниот план за укинување на субвенциите за борба против сиромаштијата, соопшти полицијата.

Против човекот кој се закани, како што информираат медиумите во Италија е покрената истрага за заканувачко однесување, претресена е неговата куќа и затворен е неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“.

Advertisements
Владата на Мелони сака да ја ограничи таканаречената програма за приход на граѓаните следната година пред целосното укинување на таа регулатива во 2024 година, кога ќе биде заменета со нова програма чии детали се уште се разработуваат.

Италијанската премиерка секогаш ја критикуваше програмата, која беше воведена во 2019 година, тврдејќи дека луѓето во работоспособна возраст не треба „засекогаш да живеат од државна помош“.