Косовските специјалци го тргнаа големиот транспарент „Ова е Србија“ и српските знамиња на северот на Косово

Специјални единици на косовската полиција го отстранија натписот „Ова е Србија“ од пешачкиот мост во населбата Сочаница во општината Лепосавиќ.

Граѓаните на ова место изутрината забележале дека и од бандерите во близина на мостот се отстранети сите српски знамиња.

Како што пренесува Косово онлајн, пред пет дека отстраниле транспарент од оградата кон северниот дел на Косовска Митровица кон Лепосавиќ, а сега и од делот на преминот во спротивна насока.

Advertisements

Мештаните на Сочаница кажале дека повеќе вооружени полициски специјалци во неделата вечерта, околу 23 часот, се качиле на пешачкиот мост во Сочаница, го откачиле натписот „Ова е Србија“ и го фрлиле во оклопно возило.

Пешачкиот мост во Сочаница е направен во јануари 2001 година за учениците и жителите на ова места безбедно да го преминуваат магистралниот пат Лепосавиќ-Косовска Митровица, а набрзо потоа Србите ја поставија пораката „Ова е Србија“ и неколку српски знамиња.