Председателот на Србије, Александар Вучиќ објави на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“ фотографија со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.
„Во текот на ноќта и наутро со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили Милан Мојсиловиќ… Нема предавање!“, порача претседателот со фотографија на Инстаграм.
По вчерашните тензии, како што јавуваат дел од српските медиуми, „во северниот дел на Косовска Митровица ноќта поминала мирно, а од утрово слика е вообичаена – граѓаните одеа на работа, децата одеа на училиште, продавниците беа отворени, јавува дописникот на РТС Иван Миљковиќ.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека косовската полиција го зголемила бројот на припадници во Северна Митровица поради инцидентите кои, како што додаде, се случиле во последните неколку дена, пренесува Клан Косова.
„Полицијата прави безбедносна проценка и врз основа на тие проценки донесена е одлука да се зголеми бројот на органите на редот, кои ќе ги обезбедуваат сите жители таму. Зголеменото присуство нема друга цел, освен зголемување на безбедноста на жителите на овие населби. Нападите со рачни бомби, шок бомби и пукотници не се спонтани и се организирани од стручни луѓе, предводени од Владата на Србија“, рече Свечља.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека од 300 до 350 припадници на косовската полиција, вклучително и припадници на специјалната единица, влегле на северот на Косово.
Тој го обвини косовскиот премиер дека продолжува со „незаконски и насилни акции“ насочени кон окупација на северот на Косово. Тој, исто така, најави дека, поради сè, Белград „ќе го разгледа враќањето на до 1.000 наши безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија, како што е предвидено во Резолуцијата 1244, особено членот 4 од оваа резолуција, како и членот 6. од Анекс 2“, пренесува Н1.