За масакрот што ја потресе Србија проговори писателот Душан Недељковиќ, чиј син учи во седмо одделение во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, пренесува српскиот портал Мондо.рс.
„Мојот син тој ден беше на училиште. Јас сум, како што велат, уметник, па станувам малку подоцна и ме разбудија чудни луѓе кои не ме бараат толку рано наутро. Слушнав дека нешто се случува.Тогаш налетав на жена ми која требаше да биде на работа и која на телефон зборуваше: Каде, што? Пукање во „Рибникар“… Скокнав на тротинет и отидов таму, имаше малку полицајци и беше страшно тивко“, вели Недељковиќ во разговор за српската ТВ К1.
Училиштето „Рибникар“ има два влеза – едниот каде се случувала крвавата драма, а на другиот бил синот на Недељковиќ.
„Мојот син веднаш знаеше кој пукал“, додаде писателот и рече дека од лично искуство знае дека момчето кое го изврши масакрот имало таканаречена „застрелна“ рака.
„Бев инструктор за безбедност во ЈАТ 25 години, а „застрелна“ рака значи дека тој бил жестоко трениран. Јас, на пример, не можам да имам толку прецизни погодоци. Да извадам некој случаен пиштол и да го направам тоа. Син ми рече дека е незабележливо момче, тие се во одделенија, едно до друго. Влегол и пукал во човекот од обезбедувањето кој сите го познававме многу добро и го погодил од околу 13 метри што е само по себе ненормално. Ги убил децата кои биле во петто одделение и кои биле дежурни, а потоа отишол лево до кабинетот за историја, ја застрелал наставничката и додека го менувал патронот, неколку момчиња скокнале низ прозорците. Девојчињата се сместиле во еден агол од училницата, а покрај него трчале некои ученици. Едно од момчињата го турнал и претпоставувам дека го застрелал додека лежел, неколку куршуми имало во таванот, тоа го дознавме“, вели писателот.
На безбедносните камери во ходникот, додаде Недељковиќ се гледа само еден професор од „Рибникар“ кој отишол да види што се случува, а тоа е професорот по географија. Другите ги заклучувале децата или ги евакуирале на другиот влез.
„Има многу дезинформации. Ќерка ми утрово отиде на училиште со информација дека утре ќе биде пуштен, што е целосен скандал и тоа не смее да се случи.Немам право да зборувам, моето дете е живо. Бевме сите таму, вчера бевме на погребот каде што имаше 5.000 луѓе и се замрзнав од тишината.Таа тишина ќе ме прогонува цел живот, рече познатиот писател кој призна дека неговиот син, како што рече, изгледа подобро од него.
„Го гледам цело време, се разбира. Го односев надвор од градот три дена. Првата вечер беше во фазон „недопирлив сум“, втората ноќ беше дете и плачеше, третата вечер беше кул и вчера кога го вратив во Белград едвај чекаше да се види со другарите бидејќи се држат заедно и заедно дојдоа на погребот. Но, ќерката е проблем, има 15 години, е во прво одделение на Трета гимназија. Полни се со приказни, не знам… Овде апсолутно секој е поврзан со секого. Поминав многу во животот, но ретко кога вака се потресов“, изјави писателот Душан Недељковиќ.