КРВАВА ДРАМА ВО СРБИЈА Малолетник тешко повредил другарче и неговата мајка со секира

Mалолетник предизвика крвава драма во Србија, во селото Радоево во општина Нова Црња.

Тој е уапсен, има 13 години и осомничен е дека со секира и нож нападнал и тешко повредил жена (57) и нејзиниот малолетен син (17).

Повреденото момче било пронајдено во локва крв во Нова Црња.

Advertisements

Нападот се случил синоќа околу три часот, тешко повредената жена и нејзиниот син се пренесени во болница и лекарите се борат за нивниот живот!

„Тој малолетник пред два дена беше со нив, се дружеа и тоа се случи!? Никој не знае што го опседнало да направи вакво нешто, иако никој во селото нема добро мислење за него. Во селото велат дека има над 20 пријави во полиција, но тој е уште дете и не одговара“, пишува порталот Информер.

Повредената жена била болна од рак и претходно била оперирана.