КРВАВА ДРАМА ВО БЕЛГРАД Убиени се ученици и професорка – јавува Б92

Момчето (14) кое утрово пукало во училиштето во белградската населба Врачар во училиштето „Владислав Рибникар“  убил шест лица, меѓу кои и деца и чувар, пишува нова.рс повикувајќи се на неофицијални информации.

Момчето, како што пишуваат српските медиуми, упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците. Б92 неофицијално јавува дека се убиени осум деца, припадник на обездедувањето и професорка, но дека засега оваа информација не е потврдена.

Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника, две се во стабилна состојба, додека едно дете е во критична состојба.

Advertisements

Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени во Ургентниот центар.

Прво бил ранет чуварот на училиштето, кој набргу по пукањето починал.

ФОТО.Нова. рс