Легендарната тенисерка ја извојува најтешката битка и раскажа од што се плашела најмногу

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Мартина Навратилова објави дека е излечена од рак на грлото и рак на дојка.

Тениската легенда ја објави добрата вест во интервју за Пирс Морган, додавајќи дека се плашела дека „нема да го види следниот Божиќ“.

Навратилова истакна дека дијагнозата ја натерала да ги одложи плановите за посвојување дете со нејзината партнерка Јулија Лемигова и дека била трогната од љубезноста и поддршката што ја добила за време на лекувањето.

Advertisements

Нагласила и дека двојната дијагноза не ја исплашила и дека продолжила да го прави тоа што сакала пред да умре.

Сепак, на крајот се избори и има уште две недели до крајот на лекувањето, по што и официјално ќе го победи ракот.