Мајката на Коста мислела дека и нејзиниот син е убиен и дека банда упаднала во училиштето

Мајка на ученик од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград вели дека го познава семејството на осомниченото момче (13) кое на 3 мај изврши страшно злсоторството во училиштето.

Таа раскажа дека кобното утро мајката на Коста.К кога видела дека има пукање во тоа училиште помислила дека меѓу жртвите е и нејзиниот син.

„Ја познавам неговата мајка како добра и посветена дама. Кога ја известиле за тоа што се случило во училиштето, веднаш помислила дека банда постари лица упаднала во училиштето и дека еден од убиените е всушност нејзиниот син. Не ѝ било ни на крај на паметот дека нејзиното дете го направило ова“, вели оваа белграѓанка.

Advertisements

Таа изрази сочувство до семејствата кои многу тешко ќе се опорават после една ваква трагедија.

„Навистина страшно, неговите родители немаа поим дека ова може да се случи. Колку што ги познавам, можам да кажам дека и таткото и мајката се многу фини луѓе“, вели мајката.