Максимална казна за убиецот од Младеновац е 20 години затвор, не може да лежи доживотно

Според Кривичниот законик на Србија, Урош Б., кој е осомничен за убиство на осум лица, доколку нема над 21 година, не може да биде осуден на доживотен затвор, односно на најстрога затворска казна, изјави адвокатот Вељко Делибашиќ за Танјуг.

Максималната казна за него доколку нема 21 година ќе биде 20 години.

Урош Б. е осомничен дека во Младеновац убил осум и ранил 13 луѓе, а во околината на Крагуевац е уапсен.

Според првичните информации драмата започната во селото Дубона, а потоа напаѓачот пукал и во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац.

Околу 600 специјалци биле ангажирани за потрага по напаѓачот. Министерот за полиција Братислав Гашиќ изјави дека станува збор за терористички чин. Дваесет и едногодишниот млад човек се сосомничи за масовно убиство.

Како што објавивме претходно, тој е син на воено лице. Српските медиуми објавија дека претходно напаѓачот не бил осудуван, но имал пријави за кражби и за насилство.

Ова е втора трагедија за два дена што ја потресе Србија по трагедијата во основното училиште во Белград.