Малолетното девојче Василики Николопулу, која исчезна во Грција, била пронајдена мртва и избодена со нож во вратот, а роднината на девојчето наводно го признал убиството, пишува Та неа.
Меснот население е во шок по обелоденувањето на бруталното убиство на 11-годишното девојче по кое трагаа од синоќа.
Несреќното дете е пронајдено мртво во понеделникот рано попладне на нива со рана од остар предмет во вратот а како сторител е уапсен 37-годишниот вујко на детето.
Информациите говорат дека 37-годишникот и претходно ги загрижувал властите за случај на силување на малолетничка.
Девојчето исчезнало во неделата навечер.
Во рамки на претресите од рано денеска, полицијата го пронашла 37-годишниот маж, за кој било утврдено дека имал историја на малтретирање малолетници.
На крајот, пишува грчкиот весник, се чини дека 37-годишниот се скршил и признал дека го убил детето и го сокрил на нива. Всушност, токму тој на полицијата и го посочил местото каде девојчето било најдено мртво.
Истовремено, информациите наведуваат дека безбедносна камера го снимила 11-годишното девојче како влегува во автомобилот на 37-годишниот пред неговото исчезнување.
Полицијата истражува дали напаѓачот сексуално го нападнал девојчето кое најверојатно дало отпор и на крајот ја убил.
Во реонот се упатил лекар, истрагата е во полн ек. Полицијата сослушува и лица од потесното семејство на насилникот.