Малолетното девојче кое се снимаше на Тик-то е повикано во полиција, откако видеото во кое го величеше масакрот кој го изврши 13 годишното момче Коста.К и се потсмеваше со убиството на осум ученици и чуварот на училиштето во Врачар се прошири на социјалните мрежи, објавија српските медиуми.
„Со неа е извршен информативен разговор. Против родителите ќе биде поднесена соодветна пријава, но за тоа одлучува обвинителот“, соопшти полицијата.
Во Нови Сад, полицијата пак привела тројца малолетници пради загрозување на безбедноста и предизвикување на паника.
Како што пишуваат српските медиуми тројца ученици кои учеле во исто средно школо, на социјалните мрежи објавиле заканувачки пораки и фотографии од оружје кое наводно ќе го однесат на училиште.
При претрес на станот на еден од нив полицијата пронашла реплика од автоматска пушка.
Полицијата апелира детските профили на социјалните мрежи да бидат под родителска контрола.
„Почитувани граѓани, во светло на сите немили настани, повеќе од кога било досега, неопходно е да се зачува разумноста и стабилноста, особено кон нашите деца кои следат информации од различни извори и медиуми“, се вели во соопштението на српското МВР.