Маск ќе го напушти Твитер долку најде некој „доволно глуп“ да го наследи

„Ќе се повлечам од функцијата извршен директор веднаш штом најдам некој доволно глуп да ја преземе работата! После тоа ќе ги водам само софтверските и серверските тимови“, напиша Илон Маск на својот профил на „Твитер“.

Преземањето на „Твитер“ од страна на Маск во октомври за 44 милијарди долари изгледаше хаотично и спорно, а некои инвеститори се прашуваа дали тој е премногу расфрлан за правилно да ја води својата компанија за електрични возила Tesla Inc, каде што тој лично е задолжен за производство и инженерство.

Со објавата објава Илон Маск за првпат споменува дека ќе се повлече од челната позиција на социјалната платформа, откако мнозинството од учесниците во анкетата што тој самиот ја организираше преку „Твитер“ од неделата вечерта гласаа за негово заминување.

Advertisements

Околу 57 отсто од над 17,5 милиони испитаници се изјасниле за пензионирање на Маск, одговарајќи со „да“ на неговото прашање „Дали треба да се повлечам од челната позиција на Твитер?“.

Маск не ги наведе роковите во кои ќе се пензионира, ниту пак го спомна името на можен наследник.

Откако го презеде „Твитер“, цената на акцијата на „Тесла“, која исто така ја поседува, падна за една третина, што ги поттикна шпекулациите дека милијардерот е под притисок да се повлече од платформата за социјалните медиуми.