По жестоки критики за нејзината работа – Министерката за одбрана на Германија поднесе оставка

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка поради критиките за одговорот на Германија на руско-украинската војна, како и за нејзината способност за унапредување на запоставените вооружени сили.

„Денеска побарав од канцеларот да ме ослободи од должностите како федерален министер за одбрана“, рече Ламбрехт, член на Социјалдемократската партија (СПД) на Олаф Шолц.

Оставката на министерката за одбрана се случува во ситуација во која Шолц е под притисок да одобри зголемување на меѓународната воена поддршка за Киев за да им помогне на украинските власти да се спротистават руските сили.

Advertisements

Ламбрехт беше обвинета за неуспех да го врати во форма „Бундесверот“ (германските воени сили), и покрај тоа што беше договорен специјален фонд од 100 милијарди евра за таа цел откако Русија ја нападна Украина.

Долготрајната дебата за состојбата на одбранбените способности на Германија се интензивираше минатиот месец, кога неколку пешадиски тенкови Пума беа исфрлени од употреба.

Неодамна министерката беше критикувана од медиумите и опозицијата затоа што објави видео на социјалните мрежи за време на Новата година во кое им се заблагодарува на војниците, борејќи се да се слушне нејзиниот глас од позадинската бука на петарди.

„Каква беше 2022 година? Ова ни донесе многу неверојатни предизвици. Војна беснее среде Европа. Со тоа ми беа поврзани многу посебни впечатоци, многу средби со интересни, големи луѓе“, вели Ламбрехт во видеото.